Пејачката Кристина Агилера последниве неколку седмици работи на новиот филм „Burlesque“. Американските медиуми пренесуваат дека неодамна се вратила дома од снимање, а на главата и останала периката.


Нејзиниот син останал збунет и се уплашил. Никако не сакал да и се приближи. Кога сватила дека станува збор за периката, таа ја отстранила и веднаш добила силна прегратка од својот син. Пејачката неодамна изјавила дека со синот ќе ги гледа своите секси спотови.