Пејачката Кристина Агилера смета дека е подеднакво виновна за разводот колку и нејзиниот поранешен сопруг Џордан Братман. Рекла дека ниту таа ниту тој не биле ангели во бракот, кој официјално бил прекинат во април оваа година. Таа додала дека знае оти медиумите негативно ќе реагираат на разводот, но неа најважен и бил личниот мир.
На крајот раскажала дека многу пати била сведок како нејзиниот татко Фаусто емоционално и физички ја малтретирал нејзината мајка Сели. На тие моменти ги посветила песните ‘Maria’ и ‘Edelweiss’. Моментално е во врска со актерот Метју Рулер, кого го запознала на снимањето на мјузиклот „Burlesque“.