Уште откако раскина со манекенката Ирина Шајк, Кристијано Роналдо се поврзува со различни девојки, но изгледа дека дури сега влезе во сериозна врска. Имено, срцето на асот на Реал Мадрид го освои 19-годишната манекенка Маја Дарвинг од Данска. Тие двајца минаа заеднички викенд во Мадрид уште во август, но Роналдо одлучи дури сега нивната врска да ја објави во јавност. Како секоја модерна романтична приказна, Роналдо и Маја се запознаа преку социјалните мрежи, а заеднички пријатели им договорија вечера.
Само еден поглед на Инстаграм профилот на Маја е доволен да се види поради што Роналдо потполно одлепи по неа, а меѓу фотографиите се наоѓа и онаа на која убавата манекенка го гледа натпреварот помеѓу Кралскиот клуб и Малме во Шведска. Судејќи според фотографиите, Роналдо дефинитивно ја продолжи добрата низа кога се во прашање девојките со кои се гледа.