Популарниот пар Кристијано Роналдо и Ирина Шајк ретко се појавуваат во јавност, иако веќе две години се во врска. Неодамна уживале во еден спортски настан, каде пред присутните цело време разменувале нежности.


Кристијано Роналдо и Ирина Шајк во саботата попладне гледале еден тениски меч на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид. Додека уживале во спортскиот настан, пред присутните не се срамеле да разменуваат нежност. Постојано се гледале, се допирале и се бакнувале. Погледите почесто им биле еден кон друг отколку на тенискиот терен.