Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо стана самохран татко, објави фудбалерот на неговиот Фацебоок профил и Твитер. Во пораката стои дека во договор со мајката нема да го открие нејзиниот идентитет, но вели дека синот е здрав и дека Роналдо ќе го признае и ќе се грижи за него.


Мојот син ќе биде под моја заштита од моментот на раѓање“ пишува во пораката.

Роналдо во последно време се забавуваше со многу жени, а сега е во романтична врска со рускиот модел Ирина Шајк, која, судејќи според нејзините слики, сигурно не е мајка на неговото дете.

Португалија испадна во осмина финалето на Светското првенство, по поразот од Шпанија, а Роналдо не се прослави со неговата игра на овој Мундијал.

Ohridnews