Португалскиот репрезентативец и асот на Реал Мадрид пред неколку дека го освежил својот возен парк. Најплатениот играч на светот го купил моделот на ферари „Бетмобил“, за кој издвоил 350 илјади евра.


Овој модел италијанскиот автомобилски гигант го произведува во ограничена количина, а новиот миленик на Роналдо бил фотографиран пред еден јапонски ресторан во Лисабон. Претходниот автомобил на истиот производител, вреден 200 илјади евра, во сопственост на Роналдо бил само два дена, со оглед на тоа што направил сообраќајка на патот од својот дом до тренинг центарот на Реал Мадрид.