Водителите Џери Спрингер и Опра Винфри се минато, а сегашност и иднина е лекарот психијатар Кристијано Роналдо. Португалскиот фудбалер се појавил во италијанската емисија „Имам писмо за тебе“ во улога на психијатар и смирил мајка и ќерка кои со години не зборувале.

Роналдо се разбира, успеал да ги наговори да се помират, ако не повеќе, барем пред камерите. И подарил на ќерката огрлица и топка со автограм, и тоа било доволно таа да заборави на кавгата со мајката.