На фејсбук профилот на девојката на Роналдо Ирина Шајк пишувало дека таа и Роналдо ќе се венчаат до Божик минатата година. Потоа таа вест ја демантирала и рекла дека тоа е дело на некои хакери. Странските медиуми повторно објавиле дека Кристијано Роналдо наскоро планира да заплови во брачните води.


Роналдо наводно за денот на вљубените од Мадрид одлетал во Њујорк и ја запросил Ирина. Тој во таа прилика клекнал пред неа на колена и и дал дијамантски прстен. Тие не планирале бебе, но Роналдо е многу смирен кога е со својот син, а Ирина едвај чека да стане мајка, но моментално, според извор близок на парот, приоритет им било планирањето на свадбата.