Како што пишуваат португалските медиуми, еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, ќе се ожени со својата девојка, манекенката Ирина Шајк. Парот веќе го одредил и датумот, 12 јули следната година. Венчавката ќе биде во Португалија само 11 дена по финалето на Европското првенство во фудбал.
Фудбалерот и руската манекенката се запознале на снимањето за Армани пред година и пол. Оваа година на денот на вљубените Роналдо ја запросил Ирина, а во мај ја запознал со своите родители.