Португалецот Кристијано Роналдо со головите против Виљареал во победата од 4-2 , го запиша својот петти хет трик во кариерата, четврти во дресот на Реал Мадрид.
Во досега одиграните 18 рунди, Роналдо постигна 23 гола и сериозно го напаѓа рекордот по бројот на постигнати голови во Шпанската Примера. Него заеднички го држат мексиканецот Хуго Санчез (сезона 1989/90) и аргенитнецот Телмо Зара (сезона 1950/51) со 38 постигнати погодоци.
Роналдо дојде до бројката 49 гола во 47 натпревари откако пристигна во Реал, летото 2009 г. од Манчестер Јунајтед. Португалецот има импозантни бројки зад своето име, во дресот на Реал постигнал 64 гола во 62 меча. Покрај 49 првенствени погодоци, четири постигнал во Копа Дел Реј, и 11 во Лигата на Шампиони.
Видео : Роналдо ја потопи “подморницата“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com