Португалските папараци пред неколку дена успеале да ја фотографираат звездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо во друштво на синот и вереницата, руската манекенка Ирина Шајк. Снимката била направена минатот викенд во Португалија, а веднаш може да се забележи дека наследникот на фудбалерот многу личи на својот татко. Двајцата биле облечени во брендирана облека од глава до пети, а нималку не заостанувала ниту преубавата русинка.


Медиумите во Португалија навеле дека Ирина одлично се прилагодила на семејниот живот и дека му останала верна на Кристијано, и покрај тоа што тој минатата година станал татко. Се верува дека бебето го родила британска ученичка која имала 20 години, а која Роналдо ја запознал во еден ноќен клуб во Лондон. Португалецот го признал синот, а на мајката и платил голема сума пари како би останала анонимна. Медиумите сеуште не можат да дојдат до информација која е мајката на синот на Роналдо.