Британскиот актер Кристијан Бејл, кој три пати се остварил во улогата на Бетмен, рекол дека повеќе нема да го игра ликот на стрип јунакот. Претходно оваа година медиумите пишувале дека ѕвездата на лимот „Мрачниот витез“ е во преговори за улога во филм во кој суперхероите ќе се здружат против злото.
Бејл сега за медиумите изјавил дека нема интересирање да ја репризира улогата на Бетмен. Рекол дека е доста и дека била голема чест да се игра Бетмен три пати. Бејл покрај триологијата за Бетмен играл во уште неколку филмски хитови како што се „Престиж“, „Еквилибриум“ и други.