Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо и неговата девојка Ирина Шајк, која спаѓа во еден од најбараните и најатрактивните модели, го искористиле својот одмор да уживаат на плажите во Португалија. Во интервју за списанието „Style Bistro“ Ирина изјавила дека никогаш не држи диета, но и дека сака да вежба, без оглед на тоа дали станува збор за теретана, пилатес, или само најобична прошетка. Според неа, задоволството и позитивните емоции е она што секогаш ја прави убава.
Младиот пар си играл и се забавувал во песокот и во водата, а со оглед на градите на Ирина, спаковани само во минијатурен жолт костум, не е никакво чудо што Роналдо на плажата бил невнимателен, па додека се капеле ја користел секоја можност да ја допре, штипне и привлече што поблизу до себе својата прекрасна девојка.