Норвешкиот состав Кристијансанд е нов првак во женското издание на Лигата на Шампиони.
Ракометарките на Кристијансанд во финалниот натпревар без поголеми проблеми го совладаа Брест со 34-28, полувреме (18-14), за прва титулата во клупската историја.
Титулата на Кристијансанд најави кам бек на норвешкиот ракомет, кој долги години жареше и палеше на клупско и репрезентатнивно ниво.
Бронзата од малото финале замина во рацете на унгарски Ѓер, кој со убедливи 32-21 го демолираше тимот на ЦСКА Москва каде настапува Македонката Сара Ристовска.
OhridNews