Португалската фудбалска супер ѕвезда Кристијано Роналдо е позитивен на вирусот ковид -19, потврди Фудбалската федерација на Португалија.

Роналдо веднаш е остранет од репрезентацијата и преселен во карантин. Португалецот кој нема посериозни симптоми ќе го пропушти утрешниот натпревар со Шведска, а и неколку од Јувентус, во зависност од рехабилитацијата.

Португалската федерација уште денеска ќе изврши нови тестирања на сите фудбалери, членови на стручен штаб и логистиката бидејќи сите заедно биле на вечера со Роналдо.

OhridNews