Победата на Јувентус против Валенсија во Торино му донесе сигурен пласман во ТОП 16, но и нов рекорд на Кристијано Роналдо во Лигата на Шампионите. Португалецот е првиот фудбалер во ЛШ кој стигнал до 100 победи.

На Роналдо за да стигне до бројката од 100 победи потребни му беа 157 натпревари. Португалецот најголем број од овие победи ги забележа во Реал Мадрид играјќи цели девет сезони. Роналдо пет години беше дел од Манчестер Јунајтед, а од сезонава ги брани боите на италијанскиот првак, Јувентус.

Роналдо сопственик е на дузина рекорди во најквалитетното клупско натпреварување, но за издвојување е првото место на вечната голгетерска листа во ЛШ. Следен, а сигурно и најголем предизвик на португалскиот репрезентативец ќе му биде бројот на настапи во ЛШ. Моменталниот рекорд го чува Икер Касилјас со 171 натпревар, а Роналдо има 157.

Во кариерата Роналдо и тимовите каде што тој играл пет пати триумфирале во ЛШ. Една титула голгетерот има со Манчестер Јунајтед, додека четири со Реал Мадрид.

OhridNews