Составот на Охрид имаше успешна премиера во СРЦ „Билјанини Изври“, откако полесно од очекувањата го совладаа Радовиш со 32-11. „Гладијаторите“ доминираа од почетокот до крај против тимот на Радовиш кој често пати знаел да биде незгоден ривал во Охрид.
Најпрво сакам да кажам дека многу сме среќни што повторно играме, и што РФМ заедно со надлежните институции обезбедија услови за ракомет. Фаворитската улога против Радовиш ја оправдавме на теренот и покажавме голема желба за играње. Шансата која на нас помладите ни ја даде тренерот Стојановиќ ја искористивме. – изјави пивотменот Кристијан Димитриески.
Дуелот со Радовиш за охридските ракометари послужи за добра подготовка во пресрет на „Езерското“ дерби со Струга, кое ќе се одигра в недела во 18 часот и 30 минути.
OhridNews