Ракометниот клуб Охрид продолжува да ја засилува екипата за сезоната која следува во Супер лигата. Ново име во охридскиот состав е пивотменот Кристијан Анастасовски, кој доаѓа од редовите на Работнички.

„Гладијаторите“ со ангажманот на Анастасовски ги заокружија играчите кои ќе дејствуваат на линијата од шест метри. РК Охрид го продолжи договорот со Иван Тасески, а по договор е Кристијан Димитриески кој моментално е со репрезентативен ангажман во кадетската селекција.

Охрид под водство на Раде Стојановиќ ги реши голманските дилеми доведувајќи го Никола Даниловски и продолжувајќи ја соработката со Јагош Брауновиќ. Остануваат уште позициите среден и лев бек.

Вчера, Стојановиќ во својот стручен штаб го доведе Филип Јовановски, кој долги години работеше во Женскиот ракометен клуб Лихнид.

OhridNews