Кристен Стјуарт сосем закрепнала од скандалот кога го изневерила Роберт Патисон па на премиерата на својот нов филм “On the Road” се појавила во многу смела комбинација.
Кристен се одлучила за секси исечен бел корсет и елегантни црни пантолони со висок струк, како и обувки кои сосема одговарале на комбинацијата.
Младата актерка покажала дека и тоа како умее да го покаже својот сексипил на црвениот тепих.
Интересно е дека комбинацијата била далеку посмела од онаа која ја носела кога го промовирала последниот дел од „Twilight saga“, па многумина коментирале дека се облекла во склад со темата на филмот која е доста провокативна.