Ѕвездата на вампирскиот серијал Кристен Стјуарт била видена на неколку забави во Холивуд како флертува со синот на поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, Патрик. Еден неименуван извор рекол дека присутните на една забава им рекле да изнајмат соба, бидејќи почнале да се однесуваат непристојно.

Актерката моментално е слободна, бидејќи неодамна дефинитивно раскинала со својот колега Роберт Патисон, а одлуката за тоа ја донел актерот, бидејќи сепак не можел да мине преку нејзиното неверство со режисерот Руперт Сандерс.