Младата актерка Кристен Стјуарт наводно не може да се помири со фактот дека нејзиното поранешно момче Роберт Патисон има намера да се ожени со сегашната девојка. Ѕвездите на вампирската сага Кристен Стјуарт и Роберт Патисон своевремено важеа за еден од најубавите холивудски парови. Како што е познато, актерката го изневери својот колега со режисерот Руперт Сандерс и после тоа дојде крајот на нивната врска.

 

Инаку, Роберт моментално е во врска со музичарката ФКА Твигс, со која планира и да се ожени. Извор близок до Кристен рекол дека кога дознала за оваа вест, Кристен се скришла. Не можела да го преболи Роберт и постојано била во солзи. Меѓутоа, има и такви кои тврдат дека Стјуарт сепак го преболела Патисон и дека таа наводно е во врска со актерот Тејлор Лутнер.