Кристен Стјуарт е очигледно личност која не се осврнува на грешките од минатото, па со радост ја прифатила веста за второто продолжение од филмот „Снежана и ловецот“, иако за време на снимањето на првиот дел имала афера со режисерот Рупер Сандерс, која предизвикала општ скандал. Тоа што овој филм имал негативно влијание на нејзиниот приватен живот и ја загрозил нејзината врска со Роберт Патисон, воопшто не ја спречило да ја прифати улогата и во второто продолжение.
Таа изјавила дека е воодушевена поради продолжението. Рекла дека ќе биде потполно неверојатно, но и дека не смеела да открива детали. Меѓутоа, иако продолжение ќе има, продукцијата одлучила да ангажира друг режисер наместо Руперт Сандерс.