Актерката Кристен Стјуарт е прогласена за најубаво облечена славна личност, во анкета која ја спровело списанието „Гламур“. Филмската ѕвезда ги надминала Ема Вотсон и Кејт Мидлтон. Иако медиумите често ја критикувале за комбинациите кои ги носела, Кристен Стјуарт била зигласана за личност со најмногу стил. Младата актерка се издвојува со својот рок-кежуал стил, кој ретко која жена може да го понесе.

Таа признала дека се средува воглавно за појавуање на црвениот тепих, а приватно не сака да се шминка и да ја мести фризурата. На второто место на листата се нашла Ема Вотсон, на третото Кејт Мидлтон а на четвртото Ема Стоун. На петтото се нашла пејачката Тејлор Свифт.