Холивудската актерка Кристен Стјуарт, позната по улогата на Бела Свон во „Twilight Saga“ и новиот филм „Снежана и ловецот“, се нашла на првото место на листата на „Форбс“ како најплатена актерка. Како што пренеле агенциите, актерката која има 22 години од мај 2011 до мај 2012 година заработила 34,5 милиони долари. Камерон Диаз благодарение на својот филм „Лоша учителка“ се нашла на второто место со 34 милиони долари.
Шефицата на списанието „Форбс“ рекла дека Кристен е млада актерка и дека заработила многу пари благодарение на една од најуспешните франшизи на сите времиња. На третото место се нашла Сандра Булок со 25 милиони, а по неа следуваат Анџелина Џоли со 20 милиони долари и Шарлиз Терон со 18 милиони долари.