Последниве четири години од врската на младиот пар Роберт Патисон и Кристен Стјуарт биле навистина турбулентни. Парот наводно имал кавга на една неодамна одржана роденденска прослава, а потоа одлучиле да прекинат, овој пат конечно. Американските медиуми пишуваат дека Кристен се налутила на Роберт пред неговиот роденден минатата седмица бидејќи повеќе не се однесувал кон неа како некогаш. Наводно кавгата продолжила и неколку денови по телефон, а парот после се одлучил да ја прекине врската. 

Се запознале на снимањето на филсмкиот серијал „Twilight Saga“ и многу брзо го освоиле светот. Иако долго не признавале дека се во врска, после извесен период конечно објавиле дека се заедно. Кога тоа го сториле, се појавиле големи скандали, неверство, признавање, простување, помирување, ниту популарниот филмски серијал не бил толку напнат како нивниот приватен живот.