На денот кога требало да ја круниса својата врска со сопственикот на Плејбој, Кристал Харис се забавувала во градот на гревовите со своите пријателки. Хефнер, според добро упатените сеуште се опоравувал од скандалот. Наместо венчаница, Кристал облекла краток фустан и и се придружила на силиконската убавица Хајди Монтаг на луда журка во Лас Вегас.


Таа изјавила дека морала да се тргне настрана додека не се смират страстите. Според неа, направила добар избор и навреме ја прекинала врската која немала никаква иднина. Го направила она што е најдобро и за неа и за Хефнер. На крајот додала дека тој е најдрагата личност која ја запознала и дека сака со него да останат добри пријатели. Негирала дека е во врска со музичарот Џордам Мекгру.