Кристал Харис, поранешната вереничка на сопственикот на „Плејбој“ Хју Хефнер, го дала на аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк вереничкот дијамантски прстен од 3,39 карати. Почетната цена на прстенот ќе изнесува помеѓу 20 и 30 илјади долари, а извор близок на Кристал Харис која Хфнер го оставила неколку дена пред свадбата, ја објаснил и причината за продажбата на ова скапо парче накит.


Изворот рекол дека таа го продава прстенот бидејќи кога го гледала и будел разни лоши спомени. Откако ја откажала венчавката, отишла кај Хефнер со намера да му го врати прстенот, но милионерот не сакал да го земе назад, како ни автомобилот марка Бентли кој и го купил.