Пред една седмица на Твитер објавила дека Мет Рутлер ја запросил и дека се согласила да се омажи за него, а сега парот има уште добри вести. Имено, според списанието „Пипл“, Кристина Агилера е бремена.
Пријател на парот за списанието изјавил дека обајцата биле многу возбудени што ќе го добијат првото заедничко дете. Среќни се што во својот однос ќе добијат нова, сериозна смисла. Агилера и Рутлер се запознале во 2010 гоина додека заедно работеле на филмот ‘Burlesque’. Кристина веќе го има шестгодишниот син Мајс Лирон со поранешниот сопруг Џордан Братман.