Манекенката Криси на 14 април ја роди ќеркичката Луна Симоне. Ужива во првите денови од мајчинството и своето бебе, но исто така не заборава на себе и сопругот Џон Леџенд. Криси и Џон се упатија на вечера во еден популарен ресторан во Лос Анџелес. Манекенката која ни за време на бременоста не се откажуваше од кратката и тесна облека беше облечена во комбинација според која никој не може да претпостави дека роди пред само десет дена.

 

Црните кожни пантолони и проѕирното боди ги искомбинира со сандали со висока потпетица. Поради проѕирното боди и тенките пантолони до израз дојде нејзината заоблена мајчинска фигура. Младата мајка која обожава фина храна и неодамна ја издаде својата прва книга за готвење, од самиот почеток на бременоста се радуваше на новите облини и призна дека се чувствува сјајно во својата кожа без оглед на новите килограми.