Иако вилата на Флорида пред три години ја платил околу 5 милиони долари, сега е спремен да ја продаде за само 1,5 милиони долари. За купување на истата Крис Такер подигнал кредит од од околу 3 милиони долари.
Куќата има пет бањи, вински подрум и кино дворана уредена во стилот на пиратски брод. Имено комичарот се наоѓа во големи долгови. Даночната служба тврди дека има долг спрема државата во износ од 8 милиони долари. Тоа е најверојатно причината за итната продажба на неговата вила.