Американскиот актер и комичар Крис Рок ќе биде домаќин на 88. церемонија на доделување на Оскарите која ќе се одржи на 28 февруари следната година во Лос Анџелес. Оваа вест прв ја објави весникот “Variety”, со констатација дека Рок пред 11 години веќе еднаш беше домаќин на популарната церемонија. Инаку, преносот на доделувањето на Оскарите во 2005 година кога Крис Рок беше домаиќин остана запаметен како еден од најгледаните досега, а го следеа повеќе од 42 милиони гледачи.

 

Рок ќе го замени колегата Нил Патрик Харис кој беше домаќин минатата година, а кој по оценките на многумина не се снајде баш најдобро во таа улога. Оваа година фаворити се филмовите „Мост на шпионите“ на Стивен Спилберг, „Повратник“ на Алехандро Гонзалес Инхуарито и „Омразената осморка“ на Квентин Тарантино.