Списанието Пипл го прогласило австралискиот актер Крис Хемсворт за најсексипилен маж на светот за 2014 година. Хемсворт е најпознат по улогата на Тор во истоимениот серијал, а го толкуваше и ликот на формула 1 возачот Џејмс Хант во филмот “Rush”. Хемсворт, кој дознал дека е добитник на признанието во ток шоу емисијата „Џими Кимел Лајв“, рекол дека за ласкавата титула треба да им се заблагодари на своите родители.
Претходни добитници на ова признание се Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џорџ Клуни, Патрик Свејзи, Шон Конери, Бен Афлек, Ченинг Тејтум и Адам Левин. Мел Гибсон, уште еден австралиец, бил прв добитник во 1985 година. Хемсворт е оженет и има три деца. Неговиот помлад брат Лијам е ѕвезда на серијалот „Игри на гладтта“. Актерот рекол дека наградата му дала за право неколку седмици да се фали дома и на својата сопруга.