Австралискиот актер Крис Хемсворт, најпознат по улогата на Тор, станува татко по втор, односно трет пат. Имено, актерот се наоѓа во болница каде го надгледувал пораѓањето на неговата сопруга Елса, која на свет донесе близнаци.

Целиот настан е под апсолутна контрола, па на влезот на болницата стоеле двајца припадници на приватното обезбедување на актерот, како би им се оневзможило на папарацо фотографите да минат. Крис и елса се венчале во 2010 година, а претходно заедно имаат син.