Кошаркарот Крис Хемфрис побарал од поранешната сопруга Ким Кардашиан голема сума пари како не би ги изнел во јавност сите валкани детали од нивниот краток брак. По се изгледа Ким нема уште долго да се разведе од Крис. По неодамнешната кавга околу поделбата на свадбените подароци, парот е повторно во конфликт, бидејќи Крис барал седум милиони долари за да молчи.
Токму таа сума на пари кошаркарот ја барал за да не проговори за валканите детали од приватниот живот и бракот конечно и официјално да биде прекинат. Ким наводно била советувана од своите адвокати да не го прифати ултиматумот на Крис, бидејќи заедничкиот имот стекнат за време на бракот кој траел 72 дена не бил ниту близу до споменатата сума.