Мајката на сестрите Кардашиан, Крис Џенер, ќе мора некое време да мине во болница, а покрај неа ќе биде нејзиниот поранешен сопруг Брус. Крис, од засега непознати причини, ќе мора да се пријави во болница.

Шушкањата дека Брус Џенер го менува полот се ставени на страна, како и наводите дека поранешниот пар се помирува, бидејќи здравјето е на прво место. Нивните заеднички пријатели велат дека останале во пријателски односи, како и дека и понатаму се силно врзани еден за друг.