Судот во Лос Анџелес на музичарот Крис Браун му нареди да изврши уште 1000 часa општествено корисна работа откако ја прекршил условната казна за нападот врз неговата поранешна девојка Ријана.


Судијата Брандлин изјавил дека Браун општествено корисната работа треба да ја изврши во една од четирите програми: чистење на автопати, чистење на плажи, отстранување на графити или некои специјални програми кои ќе бидат достапни во моментот.

Овие 1000 часа ќе му бидат додадени на веќе досудената казна од 180 дена општествена работа.