Пејачот Крис Браун е пуштен од затворот во Лос Анџелес, пренесуваат светските агенции. Браун бил во притвор од средината на март кога бил уапсен откако бил исфрлен од центарот за рехабилитација поради кршење на неговите правила.

Минатиот месец повторно се нашол во затвор откако признал дека минатата година признал дека ги прекршил условите од казната кога е степал пред еден хотел во Вашингтон. Постапката против познатиот пејач била подигната откако ја претепал својата поранешна девојка, поп ѕвездата Ријана.