Проблематичниот музичар и момче на Ријана, Крис Браун, го прославил својот 24 роденден без сегашната девојка, но друштво му правела поранешната кон која сеуште има чувства. Крис Браун во петокот ноќта во еден клуб во Лос Анџелес правел роденденска забава, а иако сите очекувале да се појави и неговата девојка Ријана, тоа не се случило.
Сепак, му се придружила поранешната, Кауреч Трен. Со ова само се продлабочиле гласините дека тој и Ријана повторно минуваат низ една од своите многубројни емотивни кризи во врската која никогаш не била стабилна. Ријана во саботата била на натпревар на Чикаго Булс видно нераположена. Извори блиски на Крис Браун велат дека тој и Кауреч останале во прјателски односи и дека Ријана нема ништо против тоа.