Пејачката ѕвезда Крис Браун ќе мора да мине уште 131 ден во затвор поради кршење на одредбите од условната казна. Судот во Лос Анџелес првобитно го осудил раперот на година дена, но му било признато што веќе минал 234 дена зад решетки, па му останале упте 131 ден казна.
Неговиот адвокат се надева дека поради доброто однесување би можел да излезе од затвор уште во понеделник. Раперот е на условна слобода од 2009 година кога е осуден поради напад врз Ријана со која тогаш бил во врска. После тоа имал други проблеми со законот, а последно во низата апсења и осуди е нападот на еден човек во Вашингтон поради кој се осуден и Браун и неговиот телохранител.