Американскиот рапер Крис Браун изнајмил луксузен апартман со приватно кошаркарско игралиште како би можел да се опушти пред распродадениот концерт во Лас Вегас. Додека се забавувал со пријателите, на теренот влегол човек со кој проблематичниот Крис веднаш влегол во кавга.

 

На раперот му сметало тоа што момчето без негова дозвола се појавило на игралиштето. Избила тепачка, а жртвата пријавила се во локалната полиција. Портпаролот на музичарот тврди дека Браун воопшто не се тепал, а момчето кое во инцидентот било полесно повредено сеуште размислува дали ќе го тужи проблематичниот Крис.