Ријана успеала да му прости на Крис Браун што пред неколку години брутално ја претепал, но не можела да му прости што паралелно со неа се гледал и со неговата поранешна девојка Керуас Тран. Пејачката на својот твитер налог објаснила дека во нејзиниот емотивен живот дошло до промени и дека повторно е сама.
Таа напишала дека е ужасно да се биде сам, но дека сега можела да прави се што сака. Крис инаку бил виден на вечера со пораншната девојка во Дубаи, а извори блиски на пејачот истакнале дека одлучил наместо со Ријана да биде среќен со поранешната девојка.