Пејачот Крис Браун се наоѓа под истрага поради наводна тепачка на паркинг во западен Холивуд, било соопштено од локалната полиција. Неговиот пријател и пејач Френк Оушн, кој исто така бил вмешан во тепачката, на друштвената мрежа Твитер напишал дека недоразбирањето помеѓу него и Браун на крајот прераснало во тепачка. Тепачката се случила на паркингот пред студиото ‘Vestlejk’, а причина била паркинг место.

Оушн на Твитер напишал дека го повредил прстот и дека нема да може да свири на доделувањето на Греми наградите следниот месец. Браун во 2010 година ја претепал својата тогашна девојка Ријана ноќта пред доделувањето на Греми наградите. Минатиот јуни го повредил својот колега Дрејк во тепачка која избила во еден ноќен клуб во Њујорк. Нема уапсени за инцидентот кој се случил во неделата, но од полицијата било соопштено дека истрагата е во тек.