Проблематичниот рапер Крис Браун повторно се спасил од подолг престој во затвор. Тој и неговиот телохранител биле обвинети за физички напад, но окружниот судија ја намалил тужбата на прекршок и го пуштил раперот на слобода. Пејачот бил ослободен од затвор и тоа без кауција, откако изјавил дека не е виновен за наведената тужба, а и неговото обезбедување добило намалување на казната.
Американските медиуми навеле дека тужбата била отфрлена, бидејќи повредите кои ги здобило другото лице не биле толку сериозни, а и изјавите на сведоците не се поклопувале, така да Браун и овој пат ќе избегне затворска казна. Тој е на условна казна уште од 2009 година која брутално ја претепал својата поранешна девојка Ријана.