Пејачот Крис Браун може да оди на европска турнеја откако судијата од Лос Анџелес проценила дека музичарот ја почитува условната казна која ја добил по нападот на поранешната девојка Ријана во 2009 година. Судијата при врховниот суд во Лос Анџелес има овластување да го испрати во затвор пејачот доколку се воспостави дека тој не ја почитува условната казна која подразбира општокорисна работа и присуство на советувалиште за семејно насилство.
Браун издржал половина од казната која трае пет години која ја добил откако ја признал вината за напад на колешката и тогашна девојка Ријана пред доделувањето на наградите Греми. Неговата европска турнеја започнува на 14 ноември во Копенхаген и ќе заврши на 7 декември во Париз.