Крис Браун излегол неповреден од судар во кој со својот автомобил удрил во ѕид додека бегал од папараци, јавила полицијата во Лос Анџелес. Несреќата се случила пред неколку дена околу пладне кога Крис Браун изгубил контрола над своето црно Порше и удрил во ѕид.
Полицијата соопштила дека била подигната истрага, но дека имињата на фотографите кои учествувале во потерата по популарниот пејач сеуште не се познати. Несреќата се случила еден ден пред доделувањето на наградите Греми, на која Крис е еден од фаворитите во категоријата за најдобар урбан современ албум.