Пејачот Крис Браун потврдил дека дуетот со својата поранешна девојка Ријана ќе се најде на неговиот нов албум “X”. браун, кој неодамна повторно раскинал со Ријана, на друштвената мрежа Твитер ги објавил имињата на некои од изведувачите кои ќе се најдат на негвоиот нов албум, меѓу кои биле Ники Минаж, Кели Роулнад, Виз Калиф, Ријана и други.

Ова е шести албум на пејачот, во САД ќе биде објавен на 16 јули, а потоа и во другите делови на светот. Ријана и Крис Браун биле во врска до 2009 година, кога музичарот ја претепал непосредно пред доделувањето на наградите Греми. Паров ја обновил врската на почетокот на годинава, но неколку месеци подоцна повторно раскинале.