Пејачот Крис Браун би можел да се соочи со четири години затвор, откако судијата му ја повлекол условната казна која му била изречена за нападот на поранешната девојка Ријана во 2009 година. Тој ги прекршил условите, откако предизвикал сообраќајна несреќа и побегнал од местото на несреќата, и сега се соочува со потенцијална затворска казна.

Судијата одлучил конечното сослушуваање да го помести за месец август, а доколку и Олга Коваленко, чиј автомобил бил оштетен во несреќата, подигне тужба против пејачот, тој сигурно ќе оди во затвор. Крис Браун во 2009 година бил осуден на четири години условна казна откако бритално ја претепал својата тогашна девојка Ријана.