Крис Браун болува од неколку пореметувања, било објавено денес откако пејачот се појавил на суд како би го известил судијата за напредокот на рехабилитација. Браун бил уапсен во октомври минатата години поради тепачка, кој знае која по ред, и веднаш доброволно се пријавил во установа за лекување како би се изборил со проблемот за контрола на бесот. Браун пред судот изјавил дека дури сега било востановено дека болува од биполарно пореметување, сундром на пост-трауматски стрес и пореметување на сонот.
Неговите адвокати изјавиле дека многу негови проблеми потекнуваат од фактот што самиот на себе си „препишувал“ лекови поради тегобите кои ги чувствувал. Не е прецизирано кој стрес кај пејачот предизвикал пост-трауматски синдром. Според податоците на Светската Здравствена Организација, инцидентите кои го поттикнуваат овој синдром кај повеќето мажи кои болуваат од него се престој војна, силување, злоставување во детството или во поддминати години, како и закани со смрт.