Во североисточниот град на Бугарија, Ботев, уапсена е криминална група која вршела трговија со жени.
Според изјавите на Министерството за внатрешни работи во Софија, жените биле сексуално искористувани во Македонија, Германија и Италија. Уапсени се три лица, кои на бугарската полиција и биле познати по бројни кривични дела и учество во организирана проституција.
Во текот на операцијата, специјалните сили на полицијата влегле во повеќе објекти, запленувајќи возила и документи кои ќе бидат доставени до обвинителството.
OhridNews