Репрезентацијата на Белизе имаше неочекуван пречек на Хаити, откако вооружени криминалци го нападнале автобусот и пробале да ги киднапираат фудбалерите. Драма и неизвесност спречила локалната полицијата, која во право време пристигнала на лице место, по што криминалците со мотоциклисти избегале во непознат правец.

Ние сме згрозени од она што ни се случи по пристигнувањето во Хаити и сме во контакт со ФИФА и КОНКАКАФ за на нашите играчи да им обезбедиме максимална безбедност. Иако се видливо потресени од она што се случи, сите играчи покажаа голема храброст, – стои во официјалното соопштение на репрезентацијата на Белизе.

Киднапирањето е голем проблем на Хаити, но прв пат се случува фудбалска репрезентација во пресрет на официјален натпревар да се соочи со вакви проблеми, кои ја надминуваат границата на фудбалот.

OhridNews